Европа
Топлотниот бран ги зеде првите жртви
03.07.2025 10:45
По две лица починаа во Шпанија, Франција и во Италија. Издадени рекорден број предупредувања...

Европа и натаму на удар на топлотниот бран. По две лица починаа во Шпанија, Франција и во Италија. Издадени рекорден број предупредувања.
Во Турција, која претходно оваа недела се бореше со пожари на неколку локации и мораше привремено да евакуира околу 50.000 луѓе, пожарите сега се во голема мера под контрола.
Пожарот што избувна во Каталонија зафати неколку фарми и се прошири на површина од околу 40 километри пред да биде ставен под контрола.
