МВР
Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
03.07.2025 11:29
Вчера околу 20 часот на регионалниот пат с. Лесново-Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово...

Вчера околу 20 часот на регионалниот пат с. Лесново-Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово, информираат од МВР.
Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
