Фудбал
Интер Мајами во преговори со Меси за нов договор
03.07.2025 10:09
Раководството на клубот верува дека ќе постигне договор со аргентинската ѕвезда, а извори блиски до Меси тврдат дека тој сака да остане во САД, и покрај интересот од клубови од Саудиска Арабија.

Интер Мајами започна преговори со Лионел Меси за продолжување на договорот кој истекува во декември, објави Би-Би-Си. Раководството на клубот верува дека ќе постигне договор со аргентинската ѕвезда, а извори блиски до Меси тврдат дека тој сака да остане во САД, и покрај интересот од клубови од Саудиска Арабија.
Меси е веќе клучна фигура во тимот и рекордер по број на голови – 50 од неговото доаѓање во Интер Мајами по заминувањето од Барселона и ПСЖ.