Деандре Ајтон потпиша со ЛА Лејкерс

03.07.2025 10:33

Ајтон (26), прв пик на НБА-драфтот во 2018 година, досега настапуваше за Феникс и Портланд.

Центарот Деандре Ајтон ќе ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс, објави ЕСПН. Тој ќе потпише двегодишен договор вреден 34 милиони долари.

Ајтон (26), прв пик на НБА-драфтот во 2018 година, досега настапуваше за Феникс и Портланд. Во Феникс беше важна офанзивна опција покрај Девин Букер, но по преминот во Портланд неговата форма опадна, делумно поради повреди.

Во Лејкерс се очекува да биде прв центар без силна конкуренција под кошот, а клубот верува дека ова е најдобриот избор во моментов.