Бали
Потрага по исчезнати откако траект потона во Бали, засега четири жртви
03.07.2025 15:51
Екипи продолжуваат со потрагата по исчезнати откако траект потона во близина на индонезискиот остров Бали...

Спасувачки екипи продолжуваат со потрагата по исчезнати откако траект потона во близина на индонезискиот остров Бали.
Во несреќата засега регистрирани четири жртви, соопшти Националната агенција за потрага и спасување на Индонезија. Досега се спасени 31 лице од вкупно 53 патници и 12 членови на екипажот. Инцидентот се случил околу 30 минути по поаѓањето од пристаниште.
Причината за несреќата е најверојатно е лошото време.
