Ин мемориам

Фудбалерот Диого Жота загина во сообраќајна несреќа во Шпанија

03.07.2025 13:58

Шпанската цивилна гарда потврди дека 28 годишниот фудбалер Жота и неговиот 25 годишен брат Силва биле пронајдени мртви, откако нивниот автомобил излетал од патот ...

Фудбалерот на Ливерпул и на португалската репрезентација, Диого Жота загина во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Шпанската цивилна гарда потврди дека 28 годишниот фудбалер Жота и неговиот 25 годишен брат Силва биле пронајдени мртви, откако нивниот автомобил излетал од патот во близина на западниот град Замора.

Полицијата ги истражува причините за несреќата, според информациите, не биле вклучени други возила.