САД

Ескалираа демонстрациите во Фергусон - ранети, уапсени, демолирани продавници

18.08.2014 14:39

Еден критично ранет, седум уапсени  и демолирани продавници е билансот од вчерашните насилни демонтрации во американскиот град Фергусон во Мисури. Полицијата со солзавец и димни бомби се обидела да ја растури толпата којашто не го почитувала воведениот полициски час. Демонстрантите пукале врз шерифот на округот Сент Чарлс, а вработените во Мекдоналдс во Фергусон морале да се затворат во ресторанот за да избегнат да ги ограбат и повредат. Гувернерот на Мисури Џеј Никсон прогласи вонредна ситуација, а од синоќа наредил и распоредување на националната гарда во градот.

Протестите што почнаа мирно и со молитви за единство, мир и правда, во текот на ноќта добија поинаков тек. Фрлени се молотови коктели и имаше пукање врз полицијата. Ограбени се продавници, демолирани се објекти во градот. Јасно е дека ова не е спонтан чин, туку планирани криминални дела со цел да се повредат луѓе и да се оштети имот“, рече Рон Џонсон од државната полиција на Мисури.

Обдукцијата на 18-годишниот афроамериканец кој беше застрелан од полицијата покажала дека тој најпрвин бил ранет 4 пати во десната рака, а потоа и двапати во главата. Американскиот државен обвинител Ерик холдер наредил и федерална обдукција. Во Фергусон се испратени и 40 агенти на ФБИ коишто треба да истражат како бил усмртен тинејџерот Мајкл Браун.

Ирина Гелевска