Африм Фидани и официјално е претседател на Врховен суд
Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Тој денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет. Заедно со Фидани свечена изјава дадоа и судијата Хаџо Тариќ, кој е избран да раководи со Основниот суд Крушево и судиите Марија Клетничка-Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев и Бетим Јахја, кои добија унапредување и ќе бидат судии во Апелацискиот суд Скопје за кривична област...

Ќе ја врати довербата во судството, со транспарентност и отчетност, вети новоизбраниот претседател на Врховен суд, Африм Фидани. Тој, како поранешен судија од Кривичниот суд образложи дека одлуката, предметот за трагедијата во Кочани да се одвива во скопскиот Кривичен суд, е донесена по анализите на извештајот и на штипска Апелација.
Првиот човек на Судскиот совет, Камбовски, очекува постапката за овој случај да се спроведе ефективно и ефикасно.
Свечена изјава за апелациски судии положија и Марија Клетничка-Марковска, Оља Ристова, Бетим Јахја и Иван Џолев, кој беше досегашен претседател на Кривичниот суд. Камбовски најави дека веднаш ќе се пристапи на избор на в.д. претседател за да не се чека оценувањето на судиите. За роднинските врски на новоизбраните со други од судството, Камбовски рече дека се работи за квалитетни и искусни кадри и би било штета целокупниот труд на избраните да се стави во залог на тие врски.
Фиљана Кока
