„Гентерм“ вложува над 30 милиони евра и отвора 300 нови работни места во Македонија
На средба со раководството на компанијата, заедно со премиерот и директорот на ТИРЗ, беа договорени детали за проектот кој ќе овозможи примена на напредни технологии и отворање современ производствен капацитет.

Американската компанија „Гентерм“, која веќе работи во земјава, најави нова инвестиција вредна над 30 милиони евра за проширување на производството со високо интегрирани системи за автомобилската индустрија. Со тоа, се очекува отворање 300 нови работни места.
На средба со раководството на компанијата, заедно со премиерот и директорот на ТИРЗ, беа договорени детали за проектот кој ќе овозможи примена на напредни технологии и отворање современ производствен капацитет. Ова ќе ја позиционира Македонија како регионален центар на „Гентерм“ за Европа.
Инвестицијата ќе го зголеми извозот и ќе придонесе за економски развој, што е еден од главните приоритети на Владата. Со ова, државата ја зацврстува улогата на сигурна и атрактивна дестинација за високотехнолошки и индустриски инвестиции.
