Инвестиции

Нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра

03.07.2025 16:33

Нова инвестиција на американската „Гентерм“, водечка компанија во автомобилската индустрија. Инвестицијата тежи над 30 милиони евра, а се планирани 300 нови вработувања. Компанијата веќе активно работи во индустриската зона во Прилеп...

Нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра во Македонија. Станува збор за светскиот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, кој со инвестицијата отвора 300 нови работни места.

„Ова е долгорочен доказ дека државата прераснува во безбедна локација за долгорочни стратешки технолошки инвестиции“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Ваквите инвестиции се добредојдени во Македонија, став на директорот на технолошко индустриските развојни зони, Гоце Димовски.

Минатата година, Македонија ја заврши со рекордно највисоко ниво на директни странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, информираат од владата, додавајќи дека досега немало ваков прилив на капитал.

 

Марија Котовска