Јотовски прв македонски рекет на АТП
По успешните настапи во измината недела, Томислав Јотовски е најдоброрангиран македонски тенисер на АТП листата на 629-то место.
Јотовски и покрај назадувањето од 4 скали, го превзема приматот од Димитар Грабул, кој имаше голем пад од 112 места и застана на 695-та позиција на светскиот ранкинг.
Грабул беше елиминиран од Дарси во првата рунда на турнирот во Ојпен, каде што триумфираше лани и за неодбранета титула загуби 18 поени.
Другите наши тенисери се над „иљадарката“ во светскиот поредок. Стефан Мицов е 1227-ми, Шендрит Деари 1300-ти, Бесир Дургути 1520-ти.

Во двојки Јотовски прогресираше шест позиции на 736-то, додека Деари е на 1252-то место.
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа минатата недела остана покуса за четири поени и падна од 418-то на 423-то место на ВТА листата, додека во двојки напредуваше за една позиција и сега е број 392.