Стручното образование-прв избор на учениците
Поради сè поголемиот интерес од образование најавуваат дека Македонија ќе стане дел од „World skills Europe“ организацијата...

Стручното образование станува прв избор за учениците. Поради сè поголемиот интерес од образование најавуваат дека Македонија ќе стане дел од „World skills Europe“ организацијата.
Во светската мрежа, која е формирана по Втората Светска војна, учествуваат 30 земји. Покрај на глобален натпревар македонските ученици ќе разменуваат искуства и ќе стекнуваат нови вештини кои се потребни на пазарот на трудот. Швајцарската амбасадорка вели, ова е пракса во нејзината земја, а во Македонија новите вештини кои ќе ги стекнат младите ќе бидат од големо значење за компаниите кои се потешко наоѓаат стручен кадар.
Во македонскиот образовен систем влегува вештачката интелигенција. Министерката Јаневска информираше дека во соработка со Универзитетот во Штип ќе се изготват прирачници за наставниците и учениците, ќе се спроведат и обуки. Преку пример посочи дека „ChatGPT“ ќе биде од голема корист за наставниците и дека преку оваа алатка ќе може да се изработува и распоредот на часови.
Викторија Милевска
