Македонија

Фондот за здравство ќе проверува дали има фиктивни осигуреници

03.07.2025 17:16

Бројот на осигуреници во Фондот за здравство расте, додека наталитетот опаѓа, младите се иселуваат. Причината за веселата математика ќе ја бара менаџментот на Фондот...

Бројот на осигуреници во Фондот за здравство расте, додека наталитетот опаѓа, младите се иселуваат. Причината за веселата математика ќе ја бара менаџментот на Фондот. Откако детектирале дека бројките одат обратно пропорционално, ќе проверуваат постојат ли фиктивни осигуреници. Во земјава има 1.820.000 здравствени осигуреници, помалку од половина се осигурани по основ на плата.

Но, не само број на жители и осигуреници, обратно пропорционално оди и бројот на жители и издадени рецепти.

65% од трошоците за лекови граѓаните ги плаќаат од сопствен џеб, предизвик во наредниот период ќе биде проширување на позитивната листа на лекови.

Фондот со засилени контроли за издадените боледувања, посебно во Полиција, Царина и Одбрана. И во здравството, вработените го користат своето право на боледување, па на некои клиники 20% од вработените во исто време не се на работа. Покрај акутните респираторни заболувања, половина од боледувањата се за болести на ’рбетниот столб.

Наташа Јанчиќ-Менковски