Временска прогноза

Сончево и многу топло со температура до 40 степени

04.07.2025 08:14

Утринската температура ќе биде од 10 до 20 целзиусови степени, а во текот на денот од 30 до 40 степени...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 20 целзиусови степени, а во текот на денот од 30 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутро, до 40 степени во текот на денот.