Тошковски и Дачиќ ќе потпишат протокол за „One stop“ системот на ГП „Табановце – Прешево“
Дачиќ денеска ќе се сретне со македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по што ќе бидат потпишани протоколи за соработка во граничниот сообраќај и воспоставување на One stop системот на граничниот премин „Табановце – Прешево“...

На граничниот премин „Табановце-Прешево“ со Србија ќе почне да функционира системот „Оne-Stop“, за заедничка интегрирана контрола. Mинистрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ ќе го потпишат протоколот за начинот на спроведување на гранични проверки за меѓународен патен сообраќај.
Воведувањето на системот треба да овозможи многу поекспедитивен проток на граѓани на моментално најфреквентниот премин.
„Оne stop“ веќе функционира со Косово, на Блаце и Јажинце, а во тек се преговори и со Албанија за воведување ваков систем на два гранични премини, додека со Бугарија и Грција, како членки на Европската унија и на шенген-зоната, ќе се имплементираат само организациски подобрувања.
