пожар

Во кочанско Вранинци гори ниска стеблеста шума

04.07.2025 08:54

Досега изгореа неколку помошни простории од куќите. На терен се пожарникари и жители од селото, но се бара итна хеликоптерска поддршка...

Сè уште е активен пожарот во кочанско Вранинци. Поради силните пламени јазици, беа евакуирани десетина луѓе кои живеат во овој дел. Досега изгореа неколку помошни простории од куќите. На терен се пожарникари и жители од селото, но се бара итна хеликоптерска поддршка.

Големиот пожар почнал вчера попладне. Гори сува трева и ниска стеблеста шума, а високите температури придонесуваат пожарот брзо да се шири.