Масовен руски напад врз Киев
Русија не се откажува од целите-му порача Путин на Трамп. Шефот на Белата куќа не е оптимист за брзо завршување на војната...

Москва-Вашингтон повторно на линија за украинскиот конфликт. Русија не се откажува од целите-му порача Путин на Трамп. Шефот на Белата куќа не е оптимист за брзо завршување на војната.
„Беше прилично долг повик. Разговаравме за многу работи, вклучувајќи и за војната со Украина. И не сум среќен поради тоа. Воопшто не постигнав никаков напредок со него“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
„Трамп одново го покрена прашањето за брзо прекинување на воените дејствија. Путин, од друга страна, истакна дека продолжуваме да бараме политичко преговарачко решение за конфликтот. Рече дека Русија ќе ги постигне своите цели нема да се повлече од нив – елиминирање на сите коренски причини што доведоа до сегашната конфронтација“, изјави Јуриј Ушаков, советник на Путин.
По разговорите, Русија изврши нов масовен напад врз Киев. Тврдат дека напредуваат во Харковскиот регион, создавајќи тампон-зона. Зеленски се надева на американската поддршка и најави разговори со Трамп по одлуката за прекин на испораката на оружје за Киев.
