Израел продолжува со нападите во Газа
Нетанјаху ветува враќање на сите заложници таргетирајќи ги упориштата на терористите...

Хамас бара гаранции дека новиот предлог за прекин на огнот во Газа поддржан од САД, ќе доведе до крај на војната, додека Израел ги интензивира нападите. Нетанјаху ветува враќање на сите заложници таргетирајќи ги упориштата на терористите.
„Преговорите се во тек, премиерот Нетанјаху работи на завршување на кампањата во Газа преку ослободување на заложниците и пораз на Хамас што е можно поскоро. Како и секогаш, пречката лежи кај Хамас, но ние работиме на различни начини за да ја надминеме“, изјави Дејвид Менсер, портпарол на израелската влада.
Палестинците обвинуваат за напади врз училиште, велат дека за 48 часа загинале над 300 луѓе, додека поранешниот шеф на дипломатијата Борел, ги обвини вооружените групи поврзани со САД за убиство на стотици гладни цивили додека барале храна. ОН загрижени за хуманитарната ситуација.
