САД

Усвоен Законот на Трамп за даночни намалувања и кратења на трошоците

04.07.2025 09:15

Законот кој треба да биде потпишан од шефот на Белата куќа, предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари...

Републиканците во претставничкиот дом на американскиот Конгрес успеаја да го протуркаат големиот закон на Трамп пред крајниот рок што го постави претседателот. Законот кој треба да биде потпишан од шефот на Белата куќа, предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари.

Со новите даночни олеснувања за богатите и трајно продолжување на даночните намалувања од 2017 година, во просек, милионерите ќе имаат зголемување на приходот од 75.000 долари наредната година.