Две концертни вечери во Музејот на македонската борба во рамки на Скопско лето
Вечерва со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концертот „Оперска приказна од најубавите дела на Верди и Пучини“. На програмата се арии и композиции од двајцата големи маестра, а настапуваат сопранот Марија Наумовска-Бакревски и пијанистот Андреја Наунов.

Овој викенд љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во два исклучителни концерти што ќе се одржат во Музејот на македонската борба за самостојност.
Вечерва со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концертот „Оперска приказна од најубавите дела на Верди и Пучини“. На програмата се арии и композиции од двајцата големи маестра, а настапуваат сопранот Марија Наумовска-Бакревски и пијанистот Андреја Наунов. Програмата вклучува дела како Stornello, Brindisi, Salve Regina, Morire и други познати оперски бисери.
Утревечер, во исто време и на истата локација, ќе се одржи концертот со наслов „Современа музичка ризница“. Ќе настапат Зоран Станишиќ (пијано), Гонца Богоромова Краповски (сопран), Анастасија Ристовска (вибрафон), Колос Цури (пијано), Стефан Котески (виолина) и Михаило Арсенски (тенор). На програмата се дела од македонски и странски композитори: Трајко Прокопиев, Трајко Зографски, Властимир Николовски, Љубомир Бранѓолица, Клод Дебиси, Морис Равел и Оторино Респиги.
Билетите за двата концерта се продаваат по цена од 300 денари и ќе бидат достапни на влезот од салата пред почетокот на настаните.