Македонија

Средба на претседателот на Уставниот суд со амбасадорот на Австрија

04.07.2025 10:34

На средбата, како што соопштуваат од судот, претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за тековните активности и предизвици со кои се соочува Судот, како и за приоритетите во неговиот мандат. Двајцата соговорници изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и отворија можност за нејзино понатамошно унапредување.

Претседателот на Уставниот суд,  Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

На средбата, како што соопштуваат од судот, претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за тековните активности и предизвици со кои се соочува Судот, како и за приоритетите во неговиот мандат. Двајцата соговорници изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и отворија можност за нејзино понатамошно унапредување.

Во таа насока, Костадиновски упати официјална покана до претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер, за остварување средба и размена на искуства.

Амбасадорот Памер ја потврди подготвеноста да се заложи за воспоставување билатерална соработка меѓу двата суда и ја истакна важната улога на Уставниот суд на Северна Македонија во зајакнувањето на владеењето на правото и правната држава, соопштуваат од Уставниот суд.