Делегација на РФМ во посета на ИХФ во Базел

04.07.2025 10:42

Во седиштето на светската куќа на ракометот, Стефанов и Тасевски остварија средба со првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски, беа во посета на ИХФ во Базел.

Во седиштето на светската куќа на ракометот, Стефанов и Тасевски остварија средба со првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа.

На средбата се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија.

Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во амбициите на РФМ за унапредување на македонскиот ракомет на меѓународната сцена, велат од Ракометната федерација.