Фудбал

Вардар ги пушти во продажба влезниците за мечот со Ла Фиорита

04.07.2025 10:49

ФК Вардар по неколкугодишна пауза се враќа на европската сцена и на 10 јули ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига...

ФК Вардар по неколкугодишна пауза се враќа на европската сцена и на 10 јули ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита од Сан Марино.

Дуелот ќе се игра на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје со почеток од 20 часот.

Клубот соопшти дека влезниците за натпреварот се веќе во продажба и можат да се набават преку МкТикетс, по цени од 100 и 300 денари.