Регион

Македонски државјанин загина во сообраќајка кај Суботица

04.07.2025 10:57

Возилото со македонски таблички излетало од патот и се превртело. Загинал сопатникот Н.А. (39), а возачот А.А. (60) со тешки повреди е хоспитализиран во Суботица.

Македонски државјанин загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Нови Сад–Суботица, кај местото Вишњевац.

Возилото со македонски таблички излетало од патот и се превртело. Загинал сопатникот Н.А. (39), а возачот А.А. (60) со тешки повреди е хоспитализиран во Суботица.

На местото на несреќата увид извршиле сообраќајна полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица.

Од полицијата во Суботица информираат дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај.

 

Фото: РТС