Агим Ибраими останува во ФК Марибор

18.08.2014 15:41

Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими стави потпис на тригодишниот договор со екипата на Марибор.

Спортскиот директот на Словенечкиот прволигаш Златко Захович е презадоволен што Ибраими останува во нивните редови, особено по неколкуте интересни понуди кои деновиве ги добиле за услугите на македоонскиот напаѓач.

Најсериозната била од шкотскиот гигант Селтик, кој е последната пречка на  Марибор за влез во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона.

Ибраими минатата сезона беше позајмен на Каљари каде што не доби вистинска шанса, по што се врати во Марибор со одлични настапи на стартот на сезоната.

Со два гола во реваншот од третото квалификациско коло против Макаби Тел Авив, Ибраими беше најзаслужен за пласманот на Марибор на чекор до дуели во групите  од  Лигата на шампионите.