Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност
На средбите беше истакната клучната улога на Народната банка како носител на макроекономската и финансиската стабилност во земјата.

На годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во Луксембург, делегацијата на Северна Македонија, предводена од гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одржа низа билатерални средби со високи претставници од двете институции.
На средбите беше истакната клучната улога на Народната банка како носител на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Се разговараше за актуелните предизвици за централните банки, дигитализацијата на финансискиот систем, зголемување на финансиската вклученост и унапредување на регулативата.
ММФ и Светска банка ја потврдија довербата во капацитетот на Народната банка и нејзината посветеност на стабилен и одржлив економски развој.
