Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
04.07.2025 19:20
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје...

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје, информираат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
