Топлотен бран

Живот на пеколни горештини

04.07.2025 12:58

Колапси, вртоглавици, мозочни и срцеви удари, психички растројства, сообраќајки се најчестите интервенции на итната медицинска помош, кои следуваат со покачувањето на температурите. Жештините влијаат врз здравјето но и секојдневното функционирање. Лекарите со апел да се почитуваат препораките. Повозрасните повнимателни…

Кога земјата се соочува со топлотен бран, се вжештуваат телефонските линии во Итната медицинска помош. Во битолската, до 70 интервенции за едно деноноќие.

Во период кога температурите се во секојдневен пораст, главно помош бараат хронично билните, лицата со срцеви заболувања, висок крвен притисок и тешко дишење. Зачестени се колапсите.

Лекарите апелираат, граѓаните особено да бидат внимателни при внесот на храна и пијалаци, да носат заштита – капа, чадор, светла облека и да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11-17 часот.

Покрај здравствените, жештината претставува проблем и во секојдневното функционирање, граѓаните особено повозрасните, внимателни.

Во следните денови температурите ќе се зголемуваат, заради лична заштита-граѓаните да внимаваат и да ги почитуваат препораките.

Александра Максимовска