МВР
Претрес кај полицаец од СВР Тетово поради злоупотреби со пријавување странци
04.07.2025 12:04
При претресот биле пронајдени 27 празни картони со печат од МВР, куршум, записници, платни налози и лични документи од странци.

Полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола извршија претрес во домот на полицаец И.А. (53) од с. Шемшево, по судска наредба и сомнежи за злоупотреба на службена положба при пријавување и одјавување на странски државјани.
При претресот биле пронајдени 27 празни картони со печат од МВР, куршум, записници, платни налози и лични документи од странци. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.
