Галичица

Деноноќно се следи состојбата против пожари во НП „Галичица“

04.07.2025 12:27

Ренџерите и полицијата деноноќно ја следат состојбата во НП “Галичица'. Со порастот на температурите се зголемува опасноста од шумски пожари. Надлежните велат годинава се поподготвени за справување со пожари на отворено...

Ренџерите дежураат, будно ја следат состојбата во НП „Галичица“. Со порастот на температурите се повеќе демне опасноста од појава на шумски пожари. Оваа сезона поподготвени, на готовс се 120 обучени волонтери, а зајакнати се и патролите на граничната и шумската полиција.

Набавена е нова опрема, исчистени се шумските патишта за пристап.

„Првично пет луѓе од единицата за брза интервенција да интервенира и останатите десет луѓе доколку дојде до нешто поголемо. Ова е од суштинско значење бидејќи ако не вршиме патроли, превенција набавка имаме на амортизираната опрема се тоа е доста значајно да не одвлекуваме воздухоплови ресурси кои ќе бидат попотребни во наредните месеци“, вели Ѓуро Јовчески.

Во селата распослани во НП “Галичица“ живеат 5.900 жители има 18 месни заедници, кои се активно вклучени во заштитата.

„Тие пожари од стрништа и други работи полека се намалуваат бидејќи населението во рамките на паркот е многу свесно и немаме намерни потпалување, немаме некои диверзии напротив доколку нешто забележат веднаш се јавуваат“, вели Јовчески.

На сила е ограничување за движење во паркот, посетителите може да се рекреираат само со дозвола, но според експертите потребно е зајакнување и на казнените мерки за потпалувачите на пожари.

Минатата година речиси еден месец беснееше огнената стихија во Стара Галилица на македонско албанската граница.

Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови како и експлозиите од гранати лани не дозволија брза локализација на пожарот.

Соња Рилковска