Италија

Експлозија на бензинска пумпа во Рим

04.07.2025 13:37

Според полициските извештаи, меѓу повредените се 8 полицајци и еден пожарникар кои пристигнале на местото на несреќата за да интервенираат...

Најмалку деветмина луѓе се повредени, меѓу кои тројца со тешки изгореници по експлозија на бензинска пумпа во Рим. Според полициските извештаи, меѓу повредените се 8 полицајци и еден пожарникар кои пристигнале на местото на несреќата за да интервенираат.

Десет екипи на пожарникарите служби учествувале во гаснењето на пожарот, предизвикан од експлозија во резервоарот за бензин.