Демографски трендови – предизвици и можни решенија
Границите се симбол за транспорт, за туризам, но за нас се и болен потсетник на белата чума којашто ја уништува иднината на земјава. Македонија и старее и се празни...

Се раѓаат сè помалку деца, младите бараат подобар живот надвор, населението старее. Наталитетот се намалува, морталитетот расте. Лани се родиле околу 16 илјади новороденчиња, а починале повеќе од 20 илјади луѓе. Власта најави мерки за справување со демографската катастрофа.
„Иселувањето е тренд во некои земји, но кај нас аларм“, рече премиерот Мицкоски кој откри и дека се размислува за воведување данок за немажени и неженети граѓани и за поттикнување на наталитетот.
Најчесто, иселувањето не е од економски причини, туку поради трулоста на системот и нефункционирањето на институциите. Владата најави поголема ажурност преку дигитално вмрежување. Со оваа услуга администрацијата ќе ги бара граѓаните, а не спротивни, ќе имаат рок за завршување на услугите во спротивно ќе се санкционира.
Околу 2.500 млади високообразовани луѓе годишно ја напуштаат земјава според ревизорскиот извештај. Човечкиот капитал е клучен за развојот на економијата, но земјава е во демографска рецесија.
Последниот попис покажа дека во земјата 207 населени места се празни, без ниту еден останат жител. Изгубено е население колку две или три поголеми општини во земјата. Бројот на жители од претпоследниот до последниот попис е намален за 9,2 проценти.
Александра Велинова
