Отворена Амбасадата на Казахстан во Скопје
Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков рече дека сведочиме на историски момент во развојот на односите меѓу двете земји кој претставува значаен чекор кон зајакнување на врските.

Во Скопје отворена Амбасадата на Казахстан во Македонија, со што се одбележа и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Астана. Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков рече дека сведочиме на историски момент во развојот на односите меѓу двете земји кој претставува значаен чекор кон зајакнување на врските.
Соработката се продлабочува во повеќе сектори, енергетиката, здравството и технологијата. Според министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отворањето на резидентна амбасада е јасен израз на посветеноста на двете земји да ја зајакнат комуникацијата, без разлика на географските разлики.
