Демографија

Дурмиши: Со инвестиции, вработување и локален развој се бориме со демографската криза

04.07.2025 19:56

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на панелот „Влијание и справување со предизвиците на демографските трендови“, во рамки на настанот посветен на демографијата како стратешко прашање за иднината на земјата...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на панелот „Влијание и справување со предизвиците на демографските трендови“, во рамки на настанот посветен на демографијата како стратешко прашање за иднината на земјата.

Тој истакна дека демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија.