топлотен бран

Продолжува периодот на сончево и многу топло време

05.07.2025 08:50

Поради високите температури од вчера е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер.

Поради високите температури од вчера е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението.

Топлотниот бран што ја зафати земјава, според УХМР, ќе трае до средината на наредната седмица. Ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува и 40 степени.