САД

Поплави во Тексас, најмалку 24 загинати

05.07.2025 09:45

Сите жртви престојувале во летен камп за девојчиња во округот Кер во кој биле сместени 750 деца...

Најмалку 24 луѓе загинаа, меѓу нив и деца во поплавите предизвикани од поројните дождови што ја зафатија американската сојузна држава Тексас. Сите жртви престојувале во летен камп за девојчиња во округот Кер во кој биле сместени 750 деца. Властите велат дека досега спасиле над 200 лица, десетици сè уште се водат за исчезнати, се стравува дека бројот на жртви може да расте. Прогласена е вонредна состојба. Во делови од земјата нема електрична енергија и интернет, а жителите во некои места се замолени да се евакуираат на повисоки места.

„Ги имаме сите ресурси што ни се потребни во моментов и ќе продолжиме додека не ја завршиме оваа мисија. Ќе работиме деноноќно, сè додека не ги пронајдеме сите луѓе. Она што можам да го потврдам во овој момент е дека имаме околу 24 жртви“, изјави Лари Леита, шериф на округот Кер.

„Остануваме во позиција на пребарување и спасување. Прогласувам катастрофа во државата“, изјави Грег Абот, гувернер на Тексас.