Земјоделство
Сушата и малото производство ги диктираат цените на зелениот пазар
06.07.2025 13:20
Сушата и малото градинарско производство ги диктираат цените на зелениот пазар. Не се очекуваат намалувања. На производителите им требаат современи методи на производство и стимулација на малите производители...

Малото градинарско производство, зависноста од увозот и лошата, сушна година ги држат високо цените на градинарските култури, констатираат агрономите оценувајќи дека не се очекува некое намалување на цените на зелената храна.
Цените варираат. Никој не може да предвиди, ама се потребни инвестирања.
Производителите да користат органски методи, поблиски до природата, а државата да ги стимулира малите производители.
Годинава ќе продолжи неизвесна со цените на храната на зелените пазари.
Елизабета Митреска
