ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Во валандовско почна откупот на бостан за извоз

05.07.2025 10:02

Во валандовско почна откупот на бостан. Земјоделците засега задоволни од цената.Тврдат дека за разлика од лани зголемени се површините а производството најмногу се извезува за Украина и Молдавија…

Александар Панов од валандовско Балиници со трактор го носеше своето производство со бостан на откупен пункт. Задоволен е од цената и но и родот заради што планира да ги зголеми површините под бостан и во иднина. Во овој регион интензивно тече откупот

И Ристо Данов планира зголемување на површините со оваа култура иако оваа пролет родот кај него потфрлил заради пролетните лоши временски услови.

Откупените количини на бостан од валандовско се извезуваат за Украина, Молдавија, полска но и на пазарите од поранешна Југославија. Откупувачите велат дека има интерес за македонските лубеници.

 

Ване Трајков