Дојран ова лето очекува 150 илјади ноќевања од домашни и странски туристи
Дојран оваа лето очекува околу 150 илјади ноќевања од кои 30 отсто ќе отпаднат на српските и романските туристи. Во Дојран се е подготвено за новата летна туристичка сезона иако локалните власти тврдат дека Дојран има што да понуди во текот на целата година …

Дојран почна да се полни што со домашни што со транзитни туристи. Локалните власти тврдат дека се е подготвено за новата летна туристичка сезона. Очекуваат околу 150 илјади ноќевања заради зголемената понуда на сместувачки капацитети во оваа туристичко место.
Оваа лето околу 30 отсто од гостите ќе бидат од Србија и Романија кои во Дојран престојуваат на поминување и уживаат на дојранското крајбрежје и локалната храна.
И оваа лето во Дојран повторно ќе се организираат културни и забавни манифестации со цел збогатување на туристичката понуда на посетителите.
Ване Трајков