археологија

Прилепските археолози со откритие - римска бања од пред два милениума

05.07.2025 13:29

Прилепските археолози со откритие-римска бања како модерен спа-центар од пред 2.000 години. Кај Прилеп лежи сè уште непознат град …

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот „Долиште“, кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сè уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец но ги открива културолошките и социјални одлики на нашите предци.

Археолозите допрва ќе ги откриваат тајните на комплексот.

Предизвик е да се открие името на таинствениот град кој бил доста значаен за населението од Пелагонија.

Ова е трето истражување на локалитетот „Долиште“. Прво беа откриени гробници и големи глинени садови за храна.

 

Елизабета Митреска