Превентивни мерки во училиштата поради жолтица
По појавата на жолтица од типот „А“ кај 11 пациенти во Штип, епидемиолозите со мерки за превенција пред стартот на школската година. Училиштата со зајакнати активности за подигање на нивото на хигиена...

Нема нови заболени од жолтица во Штип. Во моментов на Инфективното одделение, се хоспитализирани веќе познатите 11 случаи, но опасност за појава се уште има.
„Во периодот што следи очекуваме новозаболени, зашто кнтактите болните веќе ги имаат направено во кругот на семејството и пријателите“, смета д-р Глорија Караѓозова, началник на Инфективно одделение – Штип.
Сепак, појавата на заразната жолтица на само 10-тина дена пред стартот на учебната година ги вознемири родителите.
„Би требало да се преземат поголеми хигиенски мерки во училиштата, а по можност да се испрати и контрола од Министерството за здравство“.
„Секој родител треба да е загрижен, зашто знаеме какви последици остава жолтицата, особено нејзиното лекување“, сметаат анкетираните родители.
За ова да не се случи, надлежнте институции во Штип го подигнаа нивото на внимателност.
„Најважно е редовно миење на рацете, а училиштата да го подигнат степенот на хисиена, да се врши редовна дезинфекција и проветрување на просториите“, се препораките од прим. д-р Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје – Штип.
Здравствено мобилизирани, се и директорите на образовните институции.
“Во вакви случаи, секако, дека преземаме доплонителни мерки согласно законот и барањата на лекарите“, посочи Илија Митров, директор на детската градинла „Астибо“.
„Перманентно се работи на дезинфекција. Сите простории се исчистени и обелени и така ќе продолжиме и во иднина“, истакна Татјана Кокотова, помошник директор на Гиманзија „Славчо Стојменски“ – Штип.
Инаку, се уште не е познат изворот на заразната жолтица. Додека училиштата се дезинфицираат, епидемиолозите се обидуваат да утврдат од каде се почна.
Ова оди тешко, зашто сите хоспиталиизрани се од различни делови на градот и на различна возраст.
Оливера Жежова
