БиХ
Укината изречената мерка притворот за Додик
05.07.2025 15:34
Лидерот на босанските Срби ќе мора да се јавува во полициска станица на секои 15 дена...

Укината изречената мерка притвор за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако доброволно се појавил на сослушување во Обвинителството на Босна и Херцеговина со неговиот адвокат како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок.
Лидерот на босанските Срби ќе мора да се јавува во полициска станица на секои 15 дена. Додик три месеци одбиваше да се појави во Обвинителството, поради што по него беше распишана потерница и му беше одреден еден месец притвор.
