ЦУК: Евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, активни 4
Во прилепско Бешиште гори мешана шума, во општина Македонски Брод, село Црешнево, пожар во деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка – шумски пожар под солунска глава, помеѓу местата викани изворите на Бабуна и Бабина Дупка, моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел и општина Велес – пожар во ниска вегетација.

До 13 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, активни се 4- соопшти ЦУК. Во прилепско Бешиште гори мешана шума, во општина Македонски Брод, село Црешнево, пожар во деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка – шумски пожар под солунска глава.
Помеѓу местата викани изворите на Бабуна и Бабина Дупка, моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел и како и пожар во ниска вегетација во општина Велес.
