Македонија

Мобилизација против демографската рецесија

05.07.2025 17:33

Со стратегија против иселувањето, со конкретни мерки а не со даноци за немажените и неженетите и за поголемо потомство – сугерираат експертите и граѓаните. Поддршка дадоа за владината мобилизација против демографската рецесија која три децении е горлив проблем на државата поддршка...

Со стратегија, а не со даноци да се решава катастрофалната повеќедецениска демографска криза во Македонија, сугерира експертската јавност. Тие и даваат целосна поддршка на Владата со државни мерки да се зголемува наталитетот.

И граѓаните велат итно да се најде начин за повисок животен стандард, младите да се стимулираат да не се иселуваат, да се раѓаат повеќе деца.

Потребна е детална анализа на сите негативни трендови, со вклучување на стручната фела, со цел да се почне со долгорочно решавање на овој проблем, велат експертите.

Нема држава без народ, ниту училишта без ученици, вели Герасимовски. 

 

Марија Котовска