топлотен бран

Сончаници и колабирање поради топлото време

05.07.2025 16:34

Зголемен број на интервенции на Брзата помош во Охрид. Високите температури и напливот на туристи причина за голем број топлотни удари, колапси сончаници...

Сончаници, топлотни удари, убоди од инсекти, каснување од влекачи, алергиски реакции и колапси. Ова се најчестите интервенции на охридската Брза помош. Високите температури и напливот на туристи во екот на летната сезона повеќекратно го зголемија обемот на работа на здравствените институции.

Препораките се многу течности, заштитен фактор и избегнување прошетки од 11 до 17 ч.

„Најранлива категорија секако се повозрасните и хронично болните консумирањето на вода, течности, супи, млаки и топли чаеви. Течности богати со електролити е многу важно за да се одржи телото хидрирано и да се избегнат ефектите од високите температури“, вели д-р Михаил Кичов началник на Брза помош Охрид.

Граѓаните велат им сметаат високите температури, дури и на плажа покрај вода е претопло.

Капачите страдаат и од водени шокови, посекотини и скршеници при скокови во вода. Само лани спасителите на вода имале над 1.000 интервенции.

„Десет капалишта на охридското крајбрежје, а преку 1.000 интервенции. Оние класични препораки да не консумираат алкохол на плажа да се штитат од сонцето да не влегуваат наеднаш при топлото време во вода и да внимаваат на дното на езерото“, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.

Во главниот туристички центар има една општа, две специјализирани болници и Здравствен дом, од менаџментот велат подготвени се да одговорат на потребите.

 

Соња Рилковска