Партии

СДСМ: Дебакл на надворешната политика

05.07.2025 17:09

СДСМ обвинува дека надворешната политика во време на оваа власт доживеа дебакл и порази, и нема подобра меѓународна позиција, обвинува СДСМ. Опозициската партија да се извини за сите уназадувања и дипломатски неуспеси – реагира ВМРО-ДПМНЕ...

Македонската дипломатија е без компас. Резултатите на надворешен план се поразителни. Македонија е понижена, без ниту еден успех – вели Андреј Жерновски. Тврди по една година наместо напредок и гордост – министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски донел срам и понижување. Наместо европска иднина-сега државата се наоѓала на периферија. Жерновски со тврдење дека земјата нема подобра меѓународна позиција, туку таа е влошена, исто како што нема ниту подобра преговарачка рамка.

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Жерновски, кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев, не може да кажува како треба да се работи. Глуми дипломат, а всушност се работи за човек кој е следбеник на дипломатијата, еден народ, две држави.

„СДСМ пред да зборува за дипломатија, треба да се извини за Заев, и за сите уназадувања кои ги причини тој на национален план. Сдсм ги урна македонските позиции, нешто кое наиде на фрапираност и кај најголемите шовинистички кругови во Бугарија. СДСМ е директно виновен за се негативно на дипломатски план“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе една година поправа грешки од СДСМ и ниже успеси – пишува во реакцијата на владејачката партија.

 

Миле А. Ристески