кочани

Нов протестен марш во Кочани

05.07.2025 19:41

Тие бараат транспарентна истрага за несреќата со фотографиите од нивните деца, поддржани од сограѓаните, поминаа низ центарот на градот...

Во 18 часот и 5 минути родителите на загинатите во пожарот во кабарето „Пулс“ молчејќи маршираа низ Кочани за да упатат порака дека трагедијата не треба да биде заборавена, но и дека чекаат одговорност. Тие бараат транспарентна истрага за несреќата со фотографиите од нивните деца, поддржани од сограѓаните, поминаа низ центарот на градот.

Застанаа пред полицијата и пред Основниот суд. Неделава тие побараа помош и од премиерот и претседателот на Собранието, како и од претседателката на државата.