Влада

Мицкоски на промоција на противпожарни возила во Криволак

06.07.2025 09:27

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила. Како што е најавено на промоцијата ќе присуствува и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски...

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила. Како што е најавено на промоцијата ќе присуствува и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Премиерот на почетокот на јуни годинава најави дека во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари.