Тексас: Бројот на жртви во полавите се искачи над 50
Сè уште се трага по 27 деца откако поројните дождови предизвикаа излевање на реката Гвадалупе низ ридскиот регион познат по своите летни кампови. Властите велат – поплавите се случиле многу брзо и неочекувано. Спасувачите продолжуваат со потрагата...

Ужасни сцени доаѓаат од Тексас. Бројот на жртви се искачи на 50, поголемиот дел од нив се од летниот христијански камп за девојчиња во округот Кер. Сè уште се трага по 27 деца откако поројните дождови предизвикаа излевање на реката Гвадалупе низ ридскиот регион познат по своите летни кампови. Властите велат – поплавите се случиле многу брзо и неочекувано. Спасувачите продолжуваат со потрагата.
„Досега пронајдовме 43 починати лица во округот Кер. Меѓу нив, 28 возрасни и 15 деца, дел сè уште не се идентификувани“, изјави Лери Леита, шериф на округот Кер.
„Познато ние дека 27 деца се водат за исчезнати, но од друга страна не ја знаеме точната бројка бидејќи голем број кампери доаѓаат овде за време на викендите. Ова беше огромна трагедија, без сомнение. Ситуацијата се случи многу брзо, падна речиси двојно повеќе дожд од она што се очекуваше и водата за 2 часа се искачи на повеќе од 2 метри. Немаше многу време да се реагира. Во моментов сакаме да се фокусираме на извлекување на сите што можеме“, изјави Далтон Рајс, менаџер на градот Кервил.
