Украина

Нов масовен руски напад врз Киев

06.07.2025 11:07

Американскиот претседател Трамп неодамнешниот телефонски разговор со украинскиот колега го опиша како добар и стратешки важен, сигнализирајќи дека Вашингтон сепак е можно да испрати ракети „Патриот“ бидејќи како што рече, Путин сака да продолжи да убива луѓе...

Киев повторно цел на нов масовен руски напад во текот на ноќта. Украина возвраќа, Москва тврдии-собориле над сто беспилотни летала. Американскиот претседател Трамп неодамнешниот телефонски разговор со украинскиот колега го опиша како добар и стратешки важен, сигнализирајќи дека Вашингтон сепак е можно да испрати ракети „Патриот“ бидејќи како што рече, Путин сака да продолжи да убива луѓе.

Зеленски, разговорот го оцени како најпродуктивен досега. Врховниот командант на украинската армија, Сирски, пак, предупреди на можна нова руска офанзива во Харковскиот регион.